Линкови за пристапност

Обама се обрати на Генералното Собрание на ОН


Претходно, Генералниот секретар на ОН повика да се стави крај на конфликтот во Сирија

Претседателот Барак Обама вели дека светот мора да признае дека истите сили на глобализацијата што „не` здружија исто така покажаа разединувачка моќ“.

Во неговиот последен говор како претседател на САД во Генералното Собрание на ОН, Обама посочи на распадот на „основниот поредок“ на Блискиот Исток и рече дека „нашите општества“ се исполнети со несигурност и неизвесност.

„Сведоци сме на голем број на влади кои замолчуваат новинари и го цензурираат слободниот протек на информации. Терористите ги користат социјалните мрежи за да влијаат на младите, претставуваат закана за отворените општества и ширењето на омраза врз невините бегалци и муслимани“, рече Обама. „Моќните нации ги тестираат границите поставени спрема нив со меѓународното право. Ова е прадоксот што го дефинира светот денеска“.

Претходно, Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ја отвори дебатата во Генералното Собрание на ОН со повик да се стави крај на конфликтот во Сирија.


„Прустни во салата денска се претставници на влади кои го игнорираа, овозможија, финансираа, учествуваа па дури и планираа и изведуваа огромни злосторства сторени од сите страни во Сирискиот конфликт против сириски цивили“ рече тој. „Многу групи убија невини цивили... но никој повеќе од Сириската влада“.

XS
SM
MD
LG