Линкови за пристапност

Обама убеден дека ќе го победел Трамп- новоизбраниот претседател вели нема шанси


Американскиот претседател вели дека цврсто верува во неговата визија за државата

Претседателот Барак Обама вели дека е цврсто убеден во неговата визија за држвата, и дека ако се кандидирал повторно за претседател ќе го победел Доналд Трамп во изборната трка.

Во интервју со поранешниот советник Дејвид Акселрод, претседателот рече:

„Убеден сум во оваа визија, бидејќи сум убеден дека ако се кандидирав повторно, мислам дека ќе можев да го мобилизирам мнозинството од американскиот народ“.

Но, новоизбраниот претседател Доналд Трамп не се согласува со оваа изјава. На неговиот твитер профил возврати:

„Претседателот Обама рече дека мисли оти ќе ме победел. Тој може да го вели тоа, но јас тврдам дека нема шанси – и ги наброи намалување работни места, ИСИС, Обамакеар“.

Обама во интервјуто ја пофали демократската номинација Хилари Клинтон, но во исто време ја искритикува нејзината кампања поради преголема внимателност.

Обама исто така го бранеше неговото политичко наследство, велејќи дека победата на Трамп не значи дека неговата визија за државата не успеала.

XS
SM
MD
LG