Линкови за пристапност

Обама остро возврати на критиката од Трамп


Жестоки размена на зборови за политичката коректност во американската политика

Американскиот претседател Барак Обама жестоко ја бранеше неговата стратегија во глобалната кампања за уништување на Исламската држава, и возврати на острата критика од најверојатната републиканска претседателска номинација Доналд Трамп.

Трамп го обвини претседателот за политичка коректност со тоа што одбива да користи терминологија како радикален Ислам и исламски тероризам во одговорот на најголемото масовно убиство во САД во саботата навечер во Орландо, Флорида, кога беа убиени 49 лица, а повеќе од 50 се повредени.

Белата куќа првично го отфрли критицизмот дека е премногу „минорен“ за да коментираат. Но, Обама директно се осврна на Трамп по состанокот со националниот тим за безбедност.

„Групите како ИСИЛ и Ал-Каида сакаат да ја направат оваа војна како војна меѓу Исламот и Америка, меѓу Исламот и Западот. Тоа е нивната пропаганда, дека ги тие се вистински претставници на милијарда Муслимани ширум светот. И ако западнеме во таа замка, тоа ќе значи дека сме во војна со цела религија, и тоа оди во корист на терористите“, изјави првиот човек и врховен командант на САД.

Трамп возврати на критиката од претседателот Обама.

„Тој е многу гневен, но тоа ниво на огорченост треба да го насочи кон убиецот од Орландо, и другите убијци, изјави најверојатната репубиканска номинација на овогодинешните избори во ноември.

Трамп рече дека САД треба да преземат чекори за да спречат влез на потенцијални муслимански екстремисти, особено ако доаѓаат од земји како што рече, имаат историја на тероризам.

Напаѓачот од Орландо Омар Матин е роден во САД. Неговите родители се од Авганистам. Претседателот Обама рече дека предлогот на Трамп да забрани влез на сите Муслимани да емигрираат во САД значи „отфрлање на вредностите зад кои стои Америка“.

XS
SM
MD
LG