Линкови за пристапност

Реакција на Русија за потенцијалните санкции на САД околу изборите


Сенаторите Џон Мекејн, Бен Кардин и Роберт Менендез, се подготвуваат да претстават предлог-закон за воведување на, цитираме, „темелни“ санкции.

Русија ги отфли тврдењата на американското разузнавање дека се вмешала во претседателските избори во САД, а портпаролот на руската влада Димитри Пешков, кажа дека предложената легислатива за американски санкции против Русија, претставува обид за натамошно нанесување штета на односите меѓу двете земји.

Како што јави Ројтерс, сенаторите Џон Мекејн, Бен Кардин и Роберт Менендез, се подготвуваат да претстават предлог-закон за воведување на, „темелни“ санкции.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, изрази силна поддршка на извештајот на разузнавачките агенции, а во кој се наведува дека Русија е вмешана во изборите во САД, со цел да бидат во полза на Трамп.

Портпаролот на Кремљ, додаде дека по инаугурацијата на Трамп, ќе се почнат разговори за одредување датум за средба меѓу новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG