Линкови за пристапност

Обама против ставовите на Трамп


Трамп се' уште без коментар

Во пресрет на републиканската претседателска дебата вечерва која ќе се одржи во Јужна Каролина, претседателот Барак Обама продолжи со напади кон фаворитот Доналд Трамп.

Зборувајќи во Универзитетот на Небраска во Омаха Обама го нападна повикот на Трамп за забрана на влез на муслимани во САД.

Тој додаде дека кога политичарите ги навредуваат муслиманите, вклучувајќи ги и американските муслимани кои носат униформи и се борат за оваа земја, кога џамиите се вандализирани или дете е психички малтретирано, тоа не не' прави да сме побезбедни.

Трамп за време на неговиот говор во Флорида, остана воздржан од коментирање на Обама, насочувајќи ги своите напади за неговите ривали.

Оваа републиканската дебата најверојатно ќе биде пожестока во споредба со онаа од минатиот месец со оглед дека до кокусот во Ајова има помалку од три недели.

Кокусот е настан на кој жителите од сојузната држава се среќаваат во мали групи за да изберат делегати за националната конвенција.

Поддршката на делегатите може да влијае на изборот на претседателски кандидат.

XS
SM
MD
LG