Белата куќа најави дека ја разгледува можноста да го предложи републиканскиот гувернер од Невада, Брајан Сандовал за испразнетото место во Врховниот суд по смртта на судијата Антонин Скалиа.
Сепак, републиканците во Сенатот рекоа дека ќе го игнорираат изборот на претседателот со тоа што нема да одржат распити по номинацијата или гласање.
Обама потенцираше дека одложување на акцијата по неговиот предлог, ќе влијае на идното назначување на судии.
Републиканските законодавци велат дека стојат на ставот дека следниот претседател на САД кој ќе ја преземе функцијата во јануари наредната година, треба да назначи нов судија во Врховниот суд.