Американскиот претседател Барак Обама вели дека се воздржувал од армиска интервенција во Сирија за време на првите две години од судирот затоа што „не можеме да решиме граѓанска војна на некој друг преку сила“. Во обраќањето до нацијата доцна вечерта вторникот по американско време, тој ги наведе примерите на Ирак и Авганистан за да го поддржи таквиот став. Но, кажа и дека ситуацијата се променила по 21-ви август годинава кога силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад со гас убија стотици лица, меѓу нив и деца. Таа ужасна ноќ, рече Обама, светот во грозни детали виде зошто огромно мнозинство на луѓе го забранија хемиското оружје.
Претседателот на САД беше дециден дека е во интерес на американската национална безбедност да се одговори на сириската употреба на хемиско оружје со армиски напад со точно определни цели. Никој не спори дека на 21-ви август во близината на Дамаск било употребено хемиско оружје, кажа Обама, како и дека несомнено за тоа е одговорна владата на Асад.
Тој смета дека ако САД не реагираат, може повторно да биде употребено хемиско оружје, како и други тирани и терористи да дојдат до него и да го употребат, како врз цивили, така и врз американски војници. Ја опиша целта на американскиот напад како деградирање на способноста на Асад повторно да го употреби оружјето.
Претходно во текот на денот, Обама побара од Конгресот да го одложи гласањето за армиска интервенција, откако сириската влада соопшти дека би се откажала од хемиското оружје и дека би ги потпишала меѓународните договори против него. Официјален Дамаск индицираше и дека би се согласил на рускиот план сириското хемиско оружје да се стави под меѓународна контрола и потоа да се уништи. Американскиот државен секретар Џон Кери најави дека владата во детали ќе го разгледа рускиот план. Кери на оваа тема во четврток треба да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров во Женева.
Обама во синоќешното обраќање рече дека е се` уште рано да се каже дали сириската најава во врска со рускиот план ќе даде резултат, како и дека евенталната спогодба би морала да потврди дека режимот на Асад се придржува до ветеното. Тој оцени дека иницијативата има потенцијал да ја отстрани заканата од хемиско оружје без употреба на сила, особено затоа што Русија е еден од најсилните сојузници на Асад. Најави дека паралелно со средбата на Кери со Лавров, тој самиот ќе продолжи да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека со првите луѓе на Британија и Франција и преку консултации со Кина и Русија ќе работи на резолуција на ОН - Асад да се откаже од хемиското оружје и тоа да биде уништено. Обама сака и да им даде на инспекторите на ОН можност да ги соопштат наодите од својата инспекција за тоа што се случило на 21-ви август во Сирија.
Па сепак, Обама подвлече дека и` наредил на американската армија „да ја одржува сегашната поставеност за да продолжи да врши притисок врз Асад и да биде во позиција да одговори доколку дипломатијата потфрли“.