Линкови за пристапност

Обама одлучи дека САД треба да преземат армиска акција против Сирија


Претседателот Барак Обама со потпретседателот Џо Бајден на денешното обраќање од Белата куќа.
Претседателот Барак Обама со потпретседателот Џо Бајден на денешното обраќање од Белата куќа.

Но. во саботното обраќање од Белата куќа кажа дека најпрвин Конгресот треба да се изјасни за неговиот план.

Американскиот претседател Барак Обама одлучи дека САД треба да преземат акција против сириската влада поради нејзиниот наводен напад со хемиско оружје.

Обраќајќи и` се на нацијата од Белата куќа, Обама рече дека ова нема да биде бескрајна интервенција и дека нема да вклучи копнени сили во Сирија. Обама прецизираше дека армиската операција би била ограничена и во обемот, и во времетраењето.

Претседателот исто така подвлече дека нема да дојде до акција се` додека за тоа не се изјасни Конгресот.

Тој рече дека за злосторството со хемиско оружје не треба само да се спроведе истрага, туку треба и да се реагира на него. САД не можат и не смеат да затворат очи пред она што се случи близу Дамаск, кажа Обама.

Првиот човек на САД ги повика членовите на Конгресот, кога ќе решаваат за американската реакција на сириската ситуација, да земат на ум дека некои нешта се многу поважни од партиските разлики.
XS
SM
MD
LG