Американскиот претседател Барак Обама денес е во посета на производители во сојузната држава Висконсин, каде ја промовира иницијативата за иновации – главна тема на неговото годишно обраќање за состојбата на земјата, што го одржа синоќа во Конгресот.
Обама пред вработените на компанијата за енергетска технологија Орион енерџи системс ја подвлече потребата да се зголемат напорите за образование и иновации, за да се обезбеди дека американските работници ќе може да се натпреваруваат со оние од другите земји. Обама ќе посети и производители на алуминиум и турбини на ветар.
Потпретседателот Бајден, пак, посети фабрика во Индијана која произведува акумулатори за електрични автомобили, кад говореше за владиниот план САД да бидат првата земја во светот што до 2015-та ќе има еден милион усовршени технолошки возила на патиштата. САД не само што отвораат нови работни места, туку поттикнуваат цели нови индустрии што ќе ја осигураат американската конкурентност во наредните децении, рече потпретседателот.
Но, републиканците се загрижени дека плановите на Обама ќе чинат многу. Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бонер денес изјави дека нацијата не може да троши и да позајмува од својот пат кон просперитетот.