Линкови за пристапност

Обама и Ромни изедначени


Со спротиставени гледишта за надворешната политика влегуваат во вечерашниот ТВ-дуел: Мит Ромни и Барак Обама
Со спротиставени гледишта за надворешната политика влегуваат во вечерашниот ТВ-дуел: Мит Ромни и Барак Обама

Според најновата анкета пред вечерашниот ТВ-дуел.

Според најновата анкета на вестите на ТВ-мрежата НБЦ и Вол стрит џурнал, американскиот претседател Барак Обама и републиканскиот предизвикувач Мит Ромни се изедначени пред вечерашниот ТВ-дуел. Обајцата имаат поддршка од 47% меѓу најверојатните гласачи на претседателските избори на 6-ти ноември.

90-минутната, трета и последна дебата пред изборите ќе се одржи во Флорида и во целост е посветена на надворешната политика.

Ромни и републиканските сојузници продолжуваат да го напаѓаат претседателот Обама за начинот на кој реагирал на нападот врз Конзулатот на САД во Бенгази, Либија на 11-ти минатиот месец, кога беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс и тројца други Американци.

Иранската нуклеарна програма исто така е прашање околу кое спорат претседателските кандидати. Ромни тврди дека владата на Обама не е строга кон Техеран и дека не дава доволна поддршка за Израел.

Обама, пак, го обвинува Ромни дека го политизира нападот во Либија и додава дека вовел остри санкции спрема Иран, истовремено градејќи американска безбедносна соработка со Израел. Претседателот го подвлекува и успехот во борбата против тероризмот, вклучувајќи ја акцијата во која беше убиен Осама бин Ладен.
XS
SM
MD
LG