Претседателот Барак Обама ја објасни причината за неговото ненадејно намалување на затворската казна на американскиот разузнавачки офицер кој протече воени податоци.
Обама, кој ја одржа последната прес-конференција како претседател, изјави дека Челси Менинг отслужила подолга казна отколку другите обвинети за сличен криминал, и дека ја прифатила одговорноста за нејзиното кривично дело.
„Во светло на околностите, намалувањето на казната беше соодветно“ кажа Обама во Белата куќа.
Пред обраќањето на новинарите, Обама искажа поддршка и желби за брзо опоравување на поранешниот претседател Џорџ Буш постариот и неговата сопруга Барбара, и двајцата хоспитализирани во Хјустон, Тексас.
Обама им се заблагодари на новинарите за нивната работа и додаде дека иако не уживал во се` она што го пишувале за него, американските медиуми си ја вршат работата добро и балансирано.