Линкови за пристапност

Даночни олеснувања за нови работни места


Обама говори во оддел на компанијата Аамазон во Чатануга, сојузната држава Тенеси.
Обама говори во оддел на компанијата Аамазон во Чатануга, сојузната држава Тенеси.

Претседателот Обама понуди бенефиции за корпорациите кои ќе примат нови луѓе.

Американскиот претседател Барак Обама понуди намалени даночни стапки за корпорациите кои ќе излезат со програми за вработување, но судбината на овој предлог во политички поделениот Вашингтон е неизвесна.

Претседателот и политичките противници во Конгресот водат битка околу реформата на владината комплексна даночна регулатива за компаниите и поединците, и за тоа како да се намалат трошоците и националниот долг.

Вчера, во оддел за дистрибуција на компанијата Амазон во сојузната држава Тенеси, Обама понуди даночни олеснувања за компаниите кои ‘e отворат нови работни места за средната класа.

„Како земја, бездруго треба да сториме се` што е во наша можност да отвориме нови работни места со добра плата“, рече Обама.

Тој предложи намалување на даночната стапка за корпорациите од 35 на 28%, а на 25% за производителите. Но, американскиот претседател рече и дека сака да укине редица тековни даночни бенефиции за корпорациите.

Даночните промени, меѓу кои и такса на „оф-шор“ заработувачката на американските корпорации, би создале еднократен даночен прилив. што Обама сака да го потроши на отворање на нови работни места, на пример во градежништвото, за да се поправат дотраените патишта и мостови. Меѓутоа, тој не кажа колкав би бил приливот.

Некои од републиканските противници на Обама во Конгресот рекоа дека се против натамошни владини програми за економско стимулирање, како и дека од евентуалниот договор за даноците и трошењето, корист би требало да имаат и индивидуалните даночни обврзници, како и малите бизниси.
XS
SM
MD
LG