Американците се „обединети во заедничка цел, верувајќи во нешто поголемо од самите себе“, рече претседателот Барак Обама во обраќањето на Националниот молитвен појадок во Вашингтон.
„Обединети сме затоа што сме луѓе со верба. Вербата е нешто што мора да се негува. Вербата не е сопственост, вербата е процес“, рече првиот човек на САД.
Потпретседателот Џо Бајден и првата дама Мишел Обама исто така присуствуваа на настанот, давајќи почест на својата христијанска вера. Републиканскиот сенатор Џеф Сешнс од Алабама ги повика Американците: „Да го љубите Бога, да го љубите соседот“ и “да направите овој сложен свет да стане подобар“.
Домаќини на Појадокот се членови на Сенатот и Претставничкиот дом кои секоја недела се собираат на молитва на Капитол хил.
Секој американски претседател по традиција учествува на настанот, уште од неговиот почеток во 1953-та.
Гостите на настанот годинава доаѓаат од 130 земји, а на листата често се наоѓаат странски државници и познати лица. На пример, на Појадокот присуствувале Мајка Тереза, поранешниот британски премиер Тони Блер и британскиот музичар Боно.
Годинава, молитвата ја кажа добитничката на златен олимписки медал Габи Даглас. Таа го замоли Бога да му помогне на секој водач, од секоја земја, да владее со мудрост.