Линкови за пристапност

Лидерката на Мјанмар на средба со Обама


Разговорите ќе бидат фокусирани на ослободувањето од санкции на оваа југоисточната азиска држава

Претседателот Барак Обама денеска ја пречека во Белата куќа фактичката лидерка на Мјанмар Ан Сан Су Чи, за да ги слушне нејзините видувања, колку далеку САД треба да отидат во ослободување од санкции на југоисточната азиска држава.

Ова е прва нејзина посета на САД, како државна советничка и министерка за надворешни работи – позиција што ја доби откако нејзината партија победи на изборите во ноември минатата година.

Уставот на државата што датира од времето на владеењето на армијата, забранува за претседател да биде избрано лице кое има странски државјани во семејството, како што бил нејзиниот починат сопруг и децата.

Ан Сан Су Чи минала 20 години во куќен притвор, во државата претходно позната како Бурма.

Нејзиниот сотанок со Обама во Овалната соба во Белата куќа, се смета за јасен индикатор дека таа е сметана за цивилен лидер на Мјанмар.

XS
SM
MD
LG