Линкови за пристапност

Обама ќе ја ревидира безбедноста на американските рудници


Обама ќе ја ревидира безбедноста на американските рудници
Обама ќе ја ревидира безбедноста на американските рудници

Американскиот претседател во четврток треба да прими извештај за безбедноста на рудниците во државата по смртоносната експлозија во рудник за јаглен порано месецов

Американскиот претседател во четврток треба да прими извештај за безбедноста на рудниците во државата по смртоносната експлозија во рудник за јаглен порано месецов.

Секретарката за труд Хилда Солис и надлежниот за безбедност на рудниците се очекува да му кажат на претседателот дека иако многу рудници операат безбедно, има многу други со неадекватни мерки за обезбедување.

Белата куќа вели дека Обама ќе нареди федералните надлежни лица за рударската индустрија да ги преиспитаат објектите со „проблематични“ безбедносни досиеја.

Експлозијата што се случи во рудник во источната сојузна држава Западна Вирџинија на 5 април уби 29 лица.

XS
SM
MD
LG