Линкови за пристапност

Обама: Оптимист сум за иднината на САД и на светот


На средбата со германската канцеларка Ангела Меркел Обама ја повтори силната заложба на Америка за соработка и ангажман во Европа

Претседателот на САД Барак Обама пренесе порака на обединетост и соработка денес во Берлин, нагласувајќи им на Германците и на сите Европјани дека САД ќе продолжат да соработуваат со светот.

На прес конференција, по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, Обама рече дека е оптимист за иднината на САД и на светот.

Тој ја повтори силната заложба на Америка за соработка и ангажман во Европа.

„Нема враќање назад пред глобализацијата“, стои во заедничката изјава на Обама и на германската канцеларка Ангела Меркел, која ја пренесоа тамошните медиуми.

Порката на Обама е со цел да ги осигура европските лидери за американската заложба, кои, според многумина, стравуваат од изолација на Америка, како што неколку пати забележа избраниот претседател Доналд Трамп, во текот на неговата кампања.

По средбата со Меркел, Обама ќе отпатува во Перу, во рамки на неговото последно странско патување како претседател.

Претходно Обама ја посети Грција.

XS
SM
MD
LG