Линкови за пристапност

За 9-ти февруари закажана средба Обама - Меркел во Белата куќа


Разговорите се очекува да се фокусираат на Украина, борбата против тероризмот и Исламската држава, како и ситуацијата во Авганистан и Иран

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама на 9-ти февруари ќе биде домаќин на германската канцеларка Ангела Меркел.

Разговорите се очекува да се фокусираат на различни прашања, меѓу кои, Украина, борбата против тероризмот и Исламската држава, како и ситуацијата во Авганистан и Иран. Во соопштението се додава дека на дневен ред ќе се најде и глобалниот економски растеж, како и Самитот на Г7, на кој Германија ќе биде домаќин во јуни.

Според Белата куќа, престојната посета на Меркел ја истакнува важноста на американско-германската соработка.

XS
SM
MD
LG