Линкови за пристапност

Обама на средба со конгресните водачи


На дневен ред барањето Конгресот да одобри армиска сила и дополнителни милијарди долари за борба против Исламската држава

Се очекува американскиот претседател Барак Обама на денешната средба со конгресните лидери во Белата куќа да разговара за своето барање Конгресот да одобри армиска сила и дополнителни милијарди долари за борба против Исламската држава (ИД).

На прес-конференција неделава, Обама најави дека ќе побара од законодавците да изгласаат употреба на армиска сила против ултрарадикалната милитантна група во Ирак и Сирија. По конгресните избори одржани вторникот, претседателот сега се соочува со опозиција во обата дома на Конгресот - републиканците ја презедоа контролата во Сенатот, а го задржаа мнозинството во Претставничкиот дом.

Кога Обама во септември објави дека САД започнале воздушна кампања против милитантите, тој го искористи конгресното одобрение на коешто се повика претседателот Џорџ Буш пред повеќе од една деценија, за одмазда против Ал-Каида по терористичките напади 2001-ва. Но, на прес-конференција неделава, Обама рече дека е време „да се утврди соодветниот обем и да се ажурира“ одобрението за воена акција, „за попрво да одговара на оваа битка отколку на претходните“. Тој рече дека на армиските сили на САД им е потребна поддршка и од Белата куќа, и од Конгресот.

Според медиумски извештаи што се повикуваат на одбранбени претставници, Обама од конгресните лидери ќе побара дополнителни 3,2 милијарди долари за финансирање на актуелната американска операција против ИД.

XS
SM
MD
LG