Линкови за пристапност

Обама: „нов ден“ за Мјанмар, но потребни дополнителни реформи


Коментираше на средбата со законодавните водачи на јужноазиската земја којашто излегува од повеќедецениски период на авторитарно армиско владеење

Американскиот претседател Барак Обама вели дека е убеден во доаѓање на „нов ден“ во Мјанмар, но дека треба да се заврши уште работа во транзицијата на оваа јужноазиска земја кон демократијата.

Обама даве ваков коментар на средбата со законодавните водачи во главниот град Најпјидо. Обама ги оцени средбите како одлична дискусија за демократската транзиција во Мајнмар и за консолидирање на веќе постигнатите придобивки. Тој кажа и дека во разговорите извршил притисок владата да стори повеќе за заштита на човековите права.

Долгогодишната поборничка за човекови права Ан Сан Су Чи учествуваше на состанокот со законодавните водачи, но не покрена прашања. Се очекува таа утре да има одвоена средба со Обама.

По средбата со законодавните водачи, Обама одржа приватна средба и со претседателот на Мјанмар, Тејн Сејнан, на којашто се очекуваше да изрази загриженост за степенот на политички реформи и човекови права, вклучувајќи го и третманот на претежно муслиманското малцинство Рохингја во земјата.

Посетата на Обама уследи за време на средбата на Здружението на Јужноазиски земји (АСЕАН). Ова е по првпат една средба на Здружението да се одржи во Мјанмар, земјата уште позната како Бурма, којашто излегува од повеќедецениски период на авторитарно армиско владеење.

XS
SM
MD
LG