Линкови за пристапност

Обама: САД биле бавни во реакцијата на злосторствата во Аргентина


Претседателот на САД ја заврши посетата на Јужна Америка

Претседателот на САД Барак Обама е на пат за дома по посетата на Јужна Америка, патување во кое беа вклучени Аргентина и историската посета на Куба кадешто тој се сретна со претседателот Раул Кастро.

Обама, неговата сопруга, двете ќерки и мајката на неговата сопруга, рано изутринава полетаа од меѓународниот аеродром Езеиза во Буенос Аирес.

Обама изјави дека САД бавно реагираа на злосторствата извршени за време на владеењето на поранешниот диктаторски режим, но неговата администрација ќе „се се спротивстави на минатото со искреност и отвореност.“

XS
SM
MD
LG