Линкови за пристапност

Обама: Се надевам дека и следниот претседател ќе ја поддржува Азија


Американскиот претседател истакна дека САД ќе ја продлабочат економската соработка со азиските земји, вклучувајќи промоција на иновациите и претприемаштвото.

Претседателот Барак Обама истакна дека до лидерите на Југоисточна Азија во Лаос, ставил јасно до знаење дека САД ќе продолжат да го поддржуваат народот во регионот.

Ребалансирање на американската политика со фокус кон Југоисточна Азија, беше приоритет за време на мандатот на Обама, којшто завршува во јануари. Тој истакна дека се надева оти неговиот наследник, ќе го продолжи тој напор.

„Овде ќе биде тежиштето, кога станува збор за бизнисот и трговијата, со потенцијал за креирање на работни места во САД со крајна цел, планирање на производите на овој пазар“, изјави американскиот претседател по средбата со лидерите на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија.

Обама истакна дека САД ќе ја продлабочат економската соработка со азиските земји, вклучувајќи промоција на иновациите и претприемаштвото. Тој повтори дека ќе врши притисок врз Конгресот за усвојување на Транспацифичкиот трговски договор.

Во соопштението на Белата куќа по повод иницијативите меѓу САД и земјите на АСЕАН, се истакнува заложбата за промоција на технологии што ќе овозможат ниско ниво на јаглероден диоксид, одржување на рибните површини, зголемување на залихите на обновлива енергија и промоција на можностите за жените, вклучувајќи заштита на правата, организирање на семинари за млади лидери и обезбедување награди за жени од областа на науката.

XS
SM
MD
LG