Линкови за пристапност

Обама: Не е доволно само да сонувате


Американскиот претседател пред учесници во Иницијативата на млади лидери во Југоисточна Азија, истакна дека тие треба да вложат труд во своите проекти и да ја искористат можноста да успеат.

Претседателот Барак Обама за време на посетата на Лаос, пред група млади од Југоисточна Азија кажа дека не е доволно да сонуваат за плановите за иднината, туку треба да вложат труд во она што го работат.

Во рамки на Иницијативата за млади лидери од Југоисточна Азија спонзорирана од САД, американскиот претседател кажа дека историски гледано, младите се клучот за напредокот и развојот. Тој ја подвлече потребата за земјите да ги подобрат стандардите во областа на образованието и да обезбедат дека во напредокот ќе бидат вклучени девојчиња, не само момчиња.

„Не треба никогаш да се обесхрабрувате, бидејќи денес имате повеќе можности за да придонесете во светот, споредено со која било генерација претходно“, порача Обама. „Се надевам дека ќе ја искористите таа можност“.

Тој воедно кажа дека се надева оти следниот претседател на САД ќе го продолжи зголемениот американски ангажман во Азиско-пацифичкиот регион и дека верува оти Конгресот ќе го усвои Транс-пацифичкиот трговски договор.

Барак Обама е првиот американски претседател кој го посетил Лаос. Ова е негова 11-та, и последна турнеја низ Азија додека е на функцијата.

XS
SM
MD
LG