Линкови за пристапност

Обама го поттикнува Израел да ги утврди фактите за смртоносниот напад


Американскиот претседател Барак обама го поттикна израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху да да ги утврди сите факти на смртоносниот напад на мала флота од меѓународни хуманитатни бродови упатени за Газа

Американскиот претседател Барак обама го поттикна израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху да да ги утврди сите факти на смртоносниот напад на мала флота од меѓународни хуманитатни бродови упатени за Газа.

Двајцата лидери зборувале по телефон во понеделник кусо време откако Нетанјаху ја откажал својата посета на Вашингтон заради настанот. Тие требаше да се сретнат во вторник во Белата куќа.

Белата куќа кажа дека Обама изразил длабоко жалење за изгубените животи во нападот и рекол дека е важно да се разберат сите околности што го опкружуваат настанот.

Обама кажал дека ја сфаќа одлуката на Нетанјаху веднаш да се врати во Израел, а двајцата се договориле да го презакажат состанокот за „првата следна прилика“.

XS
SM
MD
LG