Линкови за пристапност

Опадната поддршка за напорите на Обама спрема Исламската држава


Истражување на јавно мислење направено од Асошиетед прес најде дека мнозинството анкетирани не се задоволни од одговорот на Обама спрема милитантната група.

Ново истражување покажува дека Американците даваат помала поддршка на напорите на претседателот Барак Обама во борбата против бунтовниците на Исламската држава на Блискиот исток, со некои кои веруваат дека прави премалку, додека други велат дека го прекршил ветувањето дека ќе ја прекине американската воена инволвираност во регионот.

Анкетата на Асошиетед прес – ГфК најде дека повеќе од шест на десет анкетирани Американци во средината на октомври октомври го отфрлиле одговорот на Обама на Исламската држава во Ирак и Сирија. Пред една година, тој авторизираше масивно бомбардирање на цели на ИСИС во двете држави и неодамна, откако истражувањето било завршено, тој испрати 50 трупи за специјални операции да ги советуваат курдските и арапските сили кои се борат против бунтовниците. да се борат против бунтовниците.

Поддршката за неговата кампања против Исламската држава опаѓа. Во моментов има 38 проценти поддршка, за разлика од септември во 2014 година, кога процентот на поддршка и против бил еднаков.

После 10 години присуство на американски воени сили во Ирак и Авганистан, американскиот лидер вети дека ќе ја повлече американската војска од бојното поле. Но, сега, кога има уште 15 месеца на функцијата, изгледа дека ќе се борат во Ирак, Сирија и Авганистан и после неговото заминување од Белата куќа, во 2017-та година.

XS
SM
MD
LG