Линкови за пристапност

Обама во одбрана на договорот со Иран пред американски еврејски групи


Во меѓувреме, виш претставник на неговиот кабинет во Ерусалим ќе лобира за добивање поддршка за договорот од израелската влада.

Претседателот Барак Обама изјави дека меѓународната нуклеарна спогодба со Иран ќе блокира каква било можност на Техеран да произведе атомска бомба.

Тој ова го кажа за време на видео-конференција организирана од две поголеми еврејски групи коишто претходно имаат организирано слични настани со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и американскиот секретар за енергетика, Ернест Мониз.

Одговорниот за санкции во кабинетот на претседателот Обама, Адам Субин од Одделот за финансии, којшто помогна во преговорите со Иран, требаше да пристигне во тридневна посета на Израел, само неколку часа пред закажаната видео-конференција.

Израелската влада и натаму остро се противи на постигнатиот договор, со којшто Иран се спречува во напорите да произведе нуклеарна бомба во замена за укинување на економските санкции.

Субин за време на посетата на Ерусалим ќе застане во одбрана на нуклеарната спогодба со Иран и ќе се обиде да ја увери изралската влада и јавноста, дека САД се подготвени да воведат тешки економски санкции против Техеран доколку не се придржува на договорот.

По меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, Конгресот ќе гласа во рок од неколку недели.

XS
SM
MD
LG