Линкови за пристапност

Обама: силната американска дипломатија - клучна за релаксирање на односите со Иран


Претседателот имаше обраќање откако доби потврда дека сите пет Американци ослободени од Иран се пристигнати во земјата

Американскиот претседател Барак Обама ја нагласи „силната американска дипломатија“ за клучните моменти со Иран во период од 24 часа, вклучувајќи потврда дека Техеран значително ја подзапира својата нуклеарна програма, ослободувањето на американски затвореници и разрешувањето на три-деценискиот финансиски спор.

Претседателот имаше обраќање откако доби потврда дека сите пет Американци ослободени од Иран се пристигнати во земјата.

„Денес е убав ден“ - се обрати Обама кон нацијата. Со помош на дипломатија со Иранците „видовме резултати“ вели тој.

Во саботата, САД и пет други глобални сили ги укинаа санкциите врз Иран по објавувањето на извештајот на нуклеарното надзорно тело на ОН дека Техеран ги има исполнето своите обврски за намалување на нуклеарната програма.

Укинувањето на санкциите на Иран му дава пристап до финансиски средства кои се движат од 50 до 100 милијарди долари, според виши претставници на администрацијата во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG