Линкови за пристапност

Во живо: Втора инаугурација на Претседателот Барак Обама

Најново од церемонијата и настаните врзани со инаугурацијата следете ги од ова место.

12:45 21.1.2013
Претседателот Обама рече:


„Секогаш кога се собираме за инаугурација на претседател, сведочиме за трајната сила на нашиот Устав. Го афирмираме ветувањето на нашата демократија. Се потсетуваме дека тоа што ја држи оваа нација заедно не е бојата на нашата кожа или верата или потеклото на нашето име. Тоа што не` прави исклучителни, што не` прави Американци, а нашата приврзаност на идеја, артикулирана во декларација напишана пред повеќе од два века“.
13:35 21.1.2013
Претседателот Обама рече:

„Низ сето тоа, никогаш не не` напушти цинизмот спрема централната власт, ниту пак потпаднавме под фикцијата дека сите проблеми на општеството може да ги реши владата. Ние ја славиме иницијативата и претприемаштвото, инсистираме на тешка работа и лична одговорност. Тоа се константите на нашиот карактер. Но ние секогаш сме сфаќале дека кога времињата се менуваат, мора да се менуваме и ние, дека верноста кон нашите основачки принципи бара нов одговор на нови предизвици, дека зачувување на индивидуалните слободи на крајот бара колективна акција“.
13:50 21.1.2013
Претседателот Обама рече:

„Америка ќе остане сидро на силна алијанса во секој дел на светот, и ние ќе ги обновиме оние интитуции кои ја прошируваат нашата способност да се справуваме со кризи во странство, зашто никој нема поголем залог во мирен свет отколку најмоќната нација. Ние ќе поддржиме демократија од Азија и Африка, од државите на американскиот континент до Блискиот исток, зашто нашите интереси и нашата свест не` тераат да реагираме во името на оние кои копнеат по слобода.“
14:23 21.1.2013
Претседателот Обама рече:

„Ние, народот, се` уште веруваме дека секој граѓанин заслужува основна мерка на безбедност и достоинство. Ние мора да направиме тежок избор за да ја намалиме цената на нашата здравствена заштита. Но го отфрламе верувањето дека Америка мора да избере меѓу грижата за генерацијата што ја изградила оваа држава и инвестирање во генерацијата што ќе ја гради нашата иднина. Зашто ние ги помниме лекциите од нашето минато, кога години беа минати во сиромаштија и кога родители на дете со посебни потреби немаа каде да се обратат.“

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG