Линкови за пристапност

Во живо: Втора инаугурација на Претседателот Барак Обама

Најново од церемонијата и настаните врзани со инаугурацијата следете ги од ова место.

13:35 21.1.2013
Претседателот Обама рече:

„Низ сето тоа, никогаш не не` напушти цинизмот спрема централната власт, ниту пак потпаднавме под фикцијата дека сите проблеми на општеството може да ги реши владата. Ние ја славиме иницијативата и претприемаштвото, инсистираме на тешка работа и лична одговорност. Тоа се константите на нашиот карактер. Но ние секогаш сме сфаќале дека кога времињата се менуваат, мора да се менуваме и ние, дека верноста кон нашите основачки принципи бара нов одговор на нови предизвици, дека зачувување на индивидуалните слободи на крајот бара колективна акција“.
12:45 21.1.2013
Претседателот Обама рече:


„Секогаш кога се собираме за инаугурација на претседател, сведочиме за трајната сила на нашиот Устав. Го афирмираме ветувањето на нашата демократија. Се потсетуваме дека тоа што ја држи оваа нација заедно не е бојата на нашата кожа или верата или потеклото на нашето име. Тоа што не` прави исклучителни, што не` прави Американци, а нашата приврзаност на идеја, артикулирана во декларација напишана пред повеќе од два века“.
12:22 21.1.2013
12:15 21.1.2013
Околу 800.000 луѓе, од кои многумина со американски знамиња во рацете, се собрани на шеталиштето да го следат настанот. Ова е помал број од инаѕгурацијата во 2009-та кога близу два милиони луѓе дојдоа да ја видат заклетвата на функција на првиот црн претседател.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG