Линкови за пристапност

Белата Куќа врши притисок за реформа на имиграционите закони


Во првиот поважен говор на оваа тема откако стапи на функцијата минатата година, Обама четвртокот кажа дека реформата станала заложник на политички позиции и специјални интереси и побара натпартиска поддршка

Американскиот претседател Барак Обама повика на ремонт на имиграциониот систем на земјата, велејќи дека не функционира и дека коренитата реформа е начинот на кој треба да биде поправен.

Во првиот поважен говор на оваа тема откако стапи на функцијата минатата година, Обама четвртокот кажа дека реформата станала заложник на политички позиции и специјални интереси и побара натпартиска поддршка. Па сепак, тој не даде некој конкретен нов предлог што би можел да помогне реформата да мине низ Конгресот. Обама го опиша ремонтот на системот како морален императив.

Претседателот смета дека САД мора да усвојат сеопфатен пристап што вклучува зголемување на безбедноста долж американските граници, разбивање на бизнисите што најмуваат илегални имигранти и реформа на правниот имиграционен систем. Оградите и граничните патроли самите не може да го решат проблемот, рече Обама, според кого САД треба да создадат начин за проценетите 11 милиони илегални имигранти во САД да заслужат да добијат државјанство.

XS
SM
MD
LG