Францускиот претседател Франсоа Оланд се сретна со американскиот претседател Барак Обама на разговори за нивната координирана реакција против Исламската држава по терористичките напади на Париз.
По разговорите зад затворени врати, Оланд и Обама одржаа заедничка прес-конференција во Белата куќа. Обама забележа дека терористите во Париз немале за цел владини или воени објекти, туку локации кадешто луѓето се собираат во слободно време, за забава.
„Накратко, ова не беше само напад врз еден од најубавите градови во светот, туку тоа беше напад против целиот свет. Ова е зло кое ни се заканува на сите нас. И затоа, подолго од една година САД, Франција и нашата коалиција од 65 држави сме здружени во една мисија, да се уништат овие терористи на ИСИЛ и да се порази нивната злобна идеологија“ изјави претседателот Барак Обама.
Францускиот претседател Оланд, којшто започна со воздушни напади врз цели на Исламската држава на 13-ти ноември, после нападите на Париз, изјави: „Ние нема да се откажеме“ и повика на решителна заедничка акција заедно со САД.
„Од воен аспект се работи за уништување на ИСИС каде и да се. Се работи за скратување на финансиите, пронаоѓање на нивните лидери, растурање на нивните мрежи и превземање на земјата којашто ја контролираат во моментот “ изјави францускиот претседател Оланд.