Линкови за пристапност

Врховниот суд ќе одлучува за судбината на Законот за здравствена заштита Обамакеар


Сепак, одлуката веројатно нема да биде донесена до изборите

Врховниот суд се согласи во понеделникот да одлучува по тужбата која е закана на законот за здравствена заштита од времето на Обама познат како Обамакеар.

Сепак, одлуката веројатно нема да биде донесена до изборите.

Бранителите на Законот за достапна здравствена грижа тврдат дека прашањата покренати со овој случај се премногу важни за да се одолговлекуваат со месеци или години во пониските судови.

Случајот ќе биде трета голема битка на Врховниот суд над законот, популарно наречен Обамакеар од неговото усвојување во 2010 година. Судот досега двапати ја поддржа суштината на законот.

Ставовите на администрацијата на Трамп за законот се менуваа со текот на времето, но администрацијата секогаш поддржуваше ослободување од одредбите со кои им се забранува на осигурителните компании да дискриминираат лица со постојни здравствени заболувања.

Укинувањето на законот во Конгресот не успеа во 2017 година, кога републиканците ги контролираа Претставничкиот дом и Сенатот.

Од тоа каква ќе биде судбината на овој закон, се засегнати околу 20 милиони луѓе, коикористат ваква здравствена заштита, вклучувајќи и субвенционирано приватно осигурување и проширување на Медикаид.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG