Линкови за пристапност

Обама посети воена база во Хаваи


Американскиот претседател најави дека и по заминувањето од функција, ќе продолжи да ја посетува војската

Претседателот на САД Барак Обама во Хаваи посети американски трупи во воена база, за последен пат на функцијата претседател.

Зборувајќи недели пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Обама го нарече неговото време како врховен комндант „привилегија на мојот живот“.

„Иако ова ќе биде последен пат да ви се обратам како претседател, сакам да знаете дека како граѓанин мојата благодарност кон вас ќе остане, како и заложбата да стоиме до вас на секој чекор. Тоа нема да престане“, изјави Обама, и најави дека и по заминувањето од функцијата, ќе продолжи да ја посетува војската во годините што следуваат.

XS
SM
MD
LG