Линкови за пристапност

Тензии пред средбата на Обама со саудискиот крал


Во односите помеѓу Белата куќа и кралот во Ријад има несогласувања за борбата против тероризмот и регионалните конфликти.

Обама во среда ќе се сретне со монархот во Ријад за време на неговото четврто патување во Саудиска Арабија како претседател.

После средбата, во четврток, ќе се одржи самит на Советот за соработка во Заливот, сојуз на шест држави од Заливот - Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Оман.

Се чини дека фундаментално различните приоритети и стратегии за борба против тероризмот и воведување стабилност во регионот најверојатно ќе ги држи Вашингтон и Ријад во несогласување.

САД и поголемиот дел од Европа ги гледаат Исламската држава и Ал Каида како најголеми закани по регионот и целиот свет. Сепак, за многу од државите во Заливот, најголемата закана доаѓа од Иран и групи поддржани од Техеран, како и претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, и шиитските Хути-бунтовници во Јемен.

Сунитското мнозинство Саудијците, предводеше скапа воена интервенција против Хутите.

Белата куќа соопшти дека Обама и лидерите од Заливот ќе бараат начин да ја зајакнат соработката и да ги усогласат своите политики и пристапи во области од заеднички интерес како што се борба против тероризмот и промовирање на мир и стабилност во места како Јемен и Сирија.

Саудиска Арабија, која се соочува со намалување на приходите заради ниската цена на нафтата, работи на изградба на ракетни системи додека регионалниот ривал Иран продолжува со зајакнување на своите воени капацитети.

Во целина, очекувањата за какви било значајни резултати од овој самит се мали, особено во година на претседателски избори.

XS
SM
MD
LG