Линкови за пристапност

Г-8: Гадафи мора да замине од власта


Г-8: Гадафи мора да замине од власта
Г-8: Гадафи мора да замине од власта

Индустриски најразвиените земји нудат помош од 40 милијарди долари за арапските земји кои се обидуваат до воспостават демократија.

Членовите на Групата 8 побараа оставка на либискиот водач Моамар Гадафи и истовремено најавија дека би обезбедиле до 40 милијарди долари помош за арапските земји кои се обидуваат до воспостават демократија.

Ова е дел од завршната декларација на дводневниот самит на осумте инустриски најразвиени земји во туристичкото место Довил во Франција. Таканаречените арапски пролетни востанија на Блискиот Исток и во Северна Африка беа на врвот на дневниот ред.

Во декларацијата со енергичен јазик се наведува: „Гадафи нема иднина во слободната и демократска Либија. Мора да слезе од власта“. Таа повикува и на итен прекин на употребата на сила противи цивили од страна на либиските сили и подвлекува дека оние кои го прекршиле законот ќе одговараат за тоа.

Декларацијата бара и од сириската влада да прекине да применува сила и да го заплашува сирискиот народ. Г-8 е вџашена од убиствата на толку многу мирољубиви демонстранти и од повеќекратните и сериозни прекршувања на човековите права.

Членовите на Г-8 се се` повеќе загрижени и за насилството во Јемен и побараа од претседателот Али Абдула Салех да го исполни ветувањето и да слезе од власта.

Декларацијата бара од владите на Израелците и Палестинците да се придршуваат до важечките договори за соработка и да воздржат од еднострани мерки што може да го попречат напредокот и натамошните реформи.

Водачите на Тунис и Египет присуствуваа на вонредната сесија на конференцијата за нивните чекори кон демократски реформи, по народните востанија кои доведоа до оставка на автокрските влади. Членовите на Г-8 сакаат да ги поддржат другите арапски земји кои се обидуваат да направат слични промени.

XS
SM
MD
LG