Линкови за пристапност

Обама: или поправка на финансискиот систем, или ризик од нов колапс


Реформите мора да вклучат заштита на потрошувачите

САД мора да создадат подобра регулатива за својот финансиски систем затоа што во спротивно ризикуваат нова финансиска криза, смета претседателот Барак Обама. Во говорот во Њујорк, недалеку од најважниот финансиски ценар на САД – Вол стрит, тој рече дека финансискиот колапс чинеше милиони работни места, трилиони долари и рушење на соништата на семејства и мали бизниси ширум земјата.

Американскиот претседател ги повика клучните извршни директори меѓу присутните да запрат со „фуриозните напори“ да лобираат во Конгресот и да блокираат реформа на финансиската регулатива, за која кажа дека ќе помогне и на Вол стрит, и на обичните луѓе.

Реформите мора да вклучат заштита на потрошувачите, граници колку големи може да нараснат банките и колкав ризик може да преземат, промени во плаќањето на извршните директори и добро дефиниран начин за справување со финансиските институции кои покажуваат знаци на колапс, рече Обама.

Тој подвлече и дека без реформа, сегашната регулатива ги претвора резултатите на трговските деривативи во еден вид на коцкање, поради што побара поголема транспарентност на деталите. Деривативите се комплексни финансиски зделки што напати завршија со негативни последици, а што се сметаат во најголема мера за причина на финансиската криза.

XS
SM
MD
LG