Американскиот претседател Барак Обама вечерва заминува за Европа, на четиридневната турнеја по Полска, Белгија и Франција.
Посетата доаѓа во време кога украински владини сили се борат против проруските сепаратисти. Обама ќе се сретне со новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко во Полска.
Првиот човек на САД во среда и во четврток ќе учествува на самитот на Г-7 во Брисел, а ќе има средби и со американските сојузници. Самитот беше набрзина организиран откако земјите-учеснички одлучија да го бојкотираат претходно закажаниот состанок на Групата чиј домаќин требаше да биде Русија.
Во петок во Франција, Обама ќе одржи говор на плажата Омаха во Нормандија, на церемонијата за одбележување на 70-тата годишнина од инвазијата на сојузничките сили на Европа, окупирана од нацистичките сили во Втората светска војна. На настанот ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин, но не е закажана средба меѓу него и Обама.
Па сепак, Путин во Нормандија ќе се сретне со британскиот премиер Дејвид Камерон.