Линкови за пристапност

Извршни наредби на Обама за подеднакви плати за жените


Инстанците што вработуваат на федерално ниво ќе мора да обезбедат податоци за платите според расата и полот.

Американскиот претседател Барак Обама потпиша две извршни наредби за подеднакви плати за жените. Тој кажа дека јазот меѓу платите на мажите и жените претставува срамота и укажа на податоци од Американското пописно биро што покажуваат дека просечната вработена жена со полно работно време заработува само 77 центи на секој долар што го заработува мажот на истото работно место.

Извршните наредби налагаат инстанците што вработуваат на федерално ниво да обезбедат податоци за платите според расата и полот и забрануваат тие да се одмаздуваат на работниците што покренале прашања за својата плата. Во моментов, во Конгресот се разгледува легислатива што би им олеснила на работниците да ги тужат компаниите што плаќаат помалку на жените отколку на мажите.
XS
SM
MD
LG