Линкови за пристапност

Обама поттикнува на поголема соработка против заканите по кибернетската безбедност


Претседателот Барак Обама по пристигнувањето во Сан Франциско. Белата куќа неделава соопшти дека ќе формира нова федерална агенција којашто ќе ги анализира заканите по националната кибернетска безбедност и ќе ја координира стратегијата за борбата против таквите закани
Претседателот Барак Обама по пристигнувањето во Сан Франциско. Белата куќа неделава соопшти дека ќе формира нова федерална агенција којашто ќе ги анализира заканите по националната кибернетска безбедност и ќе ја координира стратегијата за борбата против таквите закани

Со извршна наредба којашто ги охрабрува компаниите и организациите да споделуваат повеќе информации со владата

Американскиот претседател Барак Обама денес планира да потпише извршна наредба којашто би ги охрабрила компаниите и организациите да споделуваат повеќе информации со владата и меѓу себе за кибернетските закани.

Обама ќе ја потпише наредбата на конференцијата за кибернетска безбедност и заштита на потрошувачите којашто во организација на Белата куќа се одржува на Универзитетот Станфорд во Калифорнија. Наредбата налага и Одделот за домашна безбедност да работи на доброволни стандарди за инстанците коишто ќе споделуваат информации.

Овој потег уследи по поголемите хакерски напади врз Сони пикчерс, Антем, Таргет, Хоум дипо, Ибеј и Џеј-Пи Морган Чејс. И американската влада претрпе кибернетски напади, како хакерскиот упад во компјутерите во Белата куќа и Стејт департментот во коишто не биле чувани доверливи информации и нападот врз Твитер и Јутјуб-адресите на Американската централна армиска команда. За некои од овие напади се товарат Русија, Кина и Северна Кореја.

Претходно неделава, Белата куќа соопшти дека ќе формира нова федерална агенција којашто ќе ги анализира заканите по националната кибернетска безбедност и ќе ја координира стратегијата за борбата против таквите закани. Владата на Обама го создаде Центарот за разузнавачка интеграција против кибернетските закани како тело коешто ќе ги координира разузнавачките податоци на Федералното истражно биро (ФБИ), Агенцијата за национална безбедност (НСА), Одделот за домашна безбедност и други федерачни агенции. Центарот ќе работи под надзор на директорот на националното разузнавање.

Во моментов, ниту една владина агенција не е одговорна за координација на проценките на кибернетските закани, споделувајќи ги информациите меѓу агенциите и обезбедувајќи навремени разузнавачки податоци за креаторите на политиката, вели Лиза Монако,помошничка на претседателот Обама за домашна безбедност и контратероризам.

XS
SM
MD
LG