Линкови за пристапност

Обама: Хилари Клинтон има храброст и срце да ја извршува функцијата


Официјаната поддршка за Клинтон дојде по едночасовниот состанок на Обама со Сандерс во Белата куќа

Претседателот Барак Обама официјално ја поддржа демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон, по средбата во Белата куќа со нејзиниот ривал Берни Сандерс, во обид да ја обедини партијата и да го порази најверојатниот републикански кандидат Доналд Трамп.

Кампањата на Клинтон обелодени видео снимка од Обама, во која вели дека знае колку е тешко да се биде претседател, и токму поради тоа знае дека поранешната државна секретарка и поранешна прва дама е способна да ја извршува оваа функција.

„Всушност, не верувам дека некогаш имало кандидат толку квалификуван да биде претседател. Таа има храброст, сочувствителност и срце да ги заврши обврските“, истакна Обама.

По средбата Сандерс изјави дека наскоро ќе се сретне со Клинтон.

„Со нетрпение чекам да се сретнам со неа во блиска иднина, за да видам како ќе работиме заедно да го поразиме Доналд Трамп, и да направиме Влада со претставници, кои ќе не претставуваат сите нас, а не само еден процент“, рече Сандерс.

Доцна синоќа по американско време, Клинтон доби уште едно клучно признание од сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен.

XS
SM
MD
LG