Американскиот претседател Барак Обама денес ќе води кампања за неговата поранешна државна секретарка Хилари Клинтон, откако таа зеде неколку дена одмор заради пневмонија.
Обама ќе се обрати во Филаделфија, каде исто така ќе присуствува на настанот за собирање средства за Демократската партија.
Клинтон рече дека очекува да се врати во кампањата на крајот на неделава.
Раководителите на нејзината кампања признаа дека било грешка што не била откриена дијагнозата од петокот порано. Имено, Клинтон непланирано го напуштила настанот во Њујорк за 11-ти септември, покренувајќи прашања за нејзиното здравје.
И Клинон и републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, се обврзаа дека наскоро ќе дадат повеќе информации за нивното здравје.
Инаку Трамп во понеделникот ја критикуваше Клинтон за нејзината изјава од минатата недела, кога рекла дека половина од неговите поддржувачи се „бедници“.
„Таа рече дека десетици милиони Американци патриоти се кошница бедници“, рече Трамп, и додаде:
„Таа зборува за луѓето како да се предмети, а не човечки суштества“.
Клинтон рече дека жали за нејзината забелешка.