Линкови за пристапност

Претседателот Обама на разговори за климатските промени


На агендата на Самитот на северноамериканските лидери во Канада ќе се најде и трговијата

Климатските промени ќе бидат на врвот на агендата на претседателот Барак Обама за време на разговорите на Самитот на северноамериканските лидери, што се одржува во Отава, Канада.

Канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателот на Мексико, Енрике Пена Нието ќе му се придружат на американскиот лидер во обелоденувањето на одлуката за партнерство по прашањето за климатски промени, а целта е до 2025-та година половина од електричната енергија во Северна Америка да се генерира од извори без јаглерод диоксид. Во моментов нешто повеќе од една третина од електричната енергија на континентот доаѓа од чисти извори на енергија, како ветер, сонце, вода или нуклеарна енергија.

На денешната агенда ќе се најде и трговијата. Мексико и Канада се два од трите најголеми трговски партнера на САД, а минатата година САД најмногу извезувале во Канада.

Белата куќа соопшти дека самитот е можност „да се истакне значењето на Северна Америка“.

Лидерите ќе дискутираат и за Договорот за транспацифичко партнерство и за начините за негова ратификација.

XS
SM
MD
LG