Линкови за пристапност

Обама стави потпис на владините трошоци за 2015-та


1,1 трилион долари за сите агенции до септември наредната година, освен Одделот за домашна безбедност - доби пари само до февруари

Американскиот претседател Барак Обама ја потпиша мерката од 1,1 трилион долари за финансирање на речиси сите агенции на федералната влада до септември наредната година.

Исклучок е Одделот за домашна безбедност, бидејќи доби средства само до февруари. Репуликанските водачи во Конгресот ги ограничија средствата за оваа агенција во уште еден обид да го принудат претседателот Барак Обама да се откаже од неодамна издадената извршната наредба што на милиони недокументирани имигранти им нуди заштита од депортација.

Донесувањето на мерката за владини трошоци беше доведено во опасност минатата недела, кога републиканскиот сенатор Тед Круз од Тексас побара да се гласа за предлог за кратење на средствата за остварување на извршната наредба. Конгресните демократи на чело со сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, исто така се заканија да ја попречат мерката поради одредбите што олабавија делови на законот донесен во 2010-та, за регулирање на финансиското тргување на главните компании на Вол стрит.

Обама петокот кажа дека мерката содржи одредби што не му се допаѓаат, но дека има и други делови што обезбедуваат дека ќе продолжи напредокот во здравственото осигурување, климатските промени, оброзованието во раните години од животот и новите работни места.

Усвојувањето и потпишувањето на мерката спречи владино затворање, како она што се случи минатата година.

Во трошоците се планирани речиси 64 милијарди долари за армиските операции во Ирак и Авганистан, како и средства за борба против милитантите на Исламската држава, меѓу што и за обука и опремување на умерените бунтовници во Сирија.

XS
SM
MD
LG