Претседателот Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон во коавторство на напис објавен во весникот Лондонски Тајмс ветија дека „ќе ги поразат варварските убијци и нивната извитоперена идеологија“. Обама и Камерон велат дека „светот нема да биде исплашен од екстремисти“, без оглед дали се „самотни фанатици“ или групи како Ал Каида, Исламската држава или Боко Харам.
Написот доаѓа по минатонеделниот напад врз канцелариите на француското сатирично списание Шарли ебдо.
Претседателот Обама во четврток ќе биде домаќин на Камерон за работна вечера во Белата куќа, а за петок се планирани дополнителни средби.
Во објавениот коментар, обајцата лидери ветија дека ќе го одржат дипломатски притисок врз Русија заради нејзините операции во Украина.