Линкови за пристапност

Аудиокнига со интервјуа на Барак Обама


Повеќе од 12 интервјуа во емисијата „60 минути“ со поранешниот претседател Барак Обама, почнувајќи од кога бил сенатор, ќе бидат објавени во аудиокнига на 13 октомври, објави Асошиетед прес.

Во аудиокнигата е опфатен новинарот на Си-би-ес Стив Крофт, кој првпат се сретнал со Обама во јануари 2007, и зборувал со него за време на неговото претседателство, завршувајќи со разговор пред Обама да ја напушти функцијата во 2017 година.

„Оваа колекција ѝ овозможува на публиката да слушне за неверојатната трансформација на гласот и зборовите на Обама, како што се случуваа“, вели Крофт.

Аудиокинигата, исто така, вклучува заеднички интервјуа со Обама и неговата сопруга, поранешниот потпретседател Џо Бајден и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG