Линкови за пристапност

Обама: Безбедносниот договор со Филипините не е насочен кон Кина


Американскиот претседател во посета на Манила, во рамки на турнејата низ Азија.

Претседателот Барак Обама истакна дека новиот безбедносен договор меѓу САД и Филипините нема за цел да и` се спротистави или пак да ја контролира Кина.

Тој е во посета на Филипините во рамки на турнејата низ Азија, во чии рамки веќе престојуваше во Јапонија, Јужна Кореја и Малезија.

На заедничката прес-конференција со филипинскиот колега Бенињо Акино, Обама подвлече дека САД имаат конструктивни односи со Кина и дека „нашата цел е да обезбедиме почитување на меѓународните правила и норми, а тоа ја вклучена и областа на меѓународните спорни прашања“.

Кина и Филипините имаат спорни прашања во врска со Јужното Кинеско Море.

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа го нарече ваквиот чекор „особено вознемирувачки, бидејќи може да ја охрабри Манила во односите со Пекинг“. Според агенцијата, со потпишувањето на безбедносниот договор со САД, владата на на Акино планира да се спротистави на Кина со американска поддршка.

Претседателот Акино рече дека не мисли дека Кина треба да биде загрижена поради зголеменото американско присуство во регионот. Тој додаде дека Филипините не претставуваат закана за другите земји во регинот.

10-годишниот договор ќе обезбеди поголемо американско безбедносно присуство во земјата и ротација на американски војници и опрема, како бродови и бомбардери во филипинските армиски бази.

Претседателот Обама истакна дека со постигнатиот договор, САД немаат намера повторно да ја вратат контролата врз некогашните бази или пак да градат нови. Тој додаде дека целта на документот е да обезбеди помош во обуката и да гради соработка, не само од безбедносни причини, туку и во подготовеноста за природни катасторфи.
XS
SM
MD
LG