Линкови за пристапност

Обама на самит на АПЕК


Лидерите од 21 економија и други шефови на држави и влади, ќе бидат дел од овонеделниот влијателен Азиско-пацифички самит за економска соработка (АПЕК).

Претседателот Барак Обама вети помош на азиско-пацифичките сојузници да ја зајакнат крајбрежната безбедност, како дел од разговорите со лидерите на главниот град на Филипините, Манила.

Белата куќа соопшти нов пакет-помош до 259 милиони долари во рок од две години, вклучувајќи и 79 милиони за Филипините, 40 милиони за Виетнам, 21 милион за Индонезија и 2,5 милиони долари за Малезија.

Тврдењата на Пекинг за територијална контрола на регионот, резултираше со зголемени тензии со околните земји.

Лидерите од 21 економија и други шефови на држави и влади, ќе бидат дел од овонеделниот влијателен Азиско-пацифички самит за економска соработка (АПЕК).

Иако Кина не е членка на АПЕК, на самитот присуствува и претседателот Ши Џинпинг.

Администрацијата на претседателот Обама соопшти дека во фокусот е трговијата, иако напорите за сузбивање на милитантите на Исламската држава ќе бидат исто така високо на агендата.

XS
SM
MD
LG