Линкови за пристапност

Обама на „Американски идол“


По 15 сезони и успешно селектирање на пејачки ѕвезди, популарната заврши со специјален гостин.

Претседателот на САД Барак Обама, во четвртокот ја отвори последната епизода на шоуто „Американски идол“ на телевизијата Фокс, кое ја заврши својата 15-та сезона, помагајќи им на голем број пејачи да ги започнат своите кариери.

Обама ја искористи можноста да ги охрабри Американците да учествуваат во избирачкиот процес. Во претходно снименото обраќање, претседателот го пофали „Американски идол“ за опстојувањето долги години и истакна дека тоа „мотивирало милиони млади Американци да гласаат“.

Обама го опиша гласањето како „најсвето и основно право на нашата демократија“ и додаде дека верува оти гласањето „може да е лесно како и гласањето на Американски идол.“

„Не сите од нас пеат како Кели Кларксон“ (првата победничка на Американски идол) рече Обама „но, сите наши гласови се важни“.

15-тиот и последен победник на „Американски идол“ е Трент Хармон, 25-годишен келнер во фамилијарниот ресторан во Мисисипи. Хармон имаше трогателен настап со песната „Chandelier” .

Второпласирана е ЛаПорша Рене, исто така од Мисисипи, самохрана мајка која го надминла семејното насилство за да се натпреварува.

„Американски идол“ беше високо рангирано шоу, но постојано ја губеше гледаноста во текот на годините, пред Фокс да одлучи оваа сезона да биде и последна.

XS
SM
MD
LG