Линкови за пристапност

Обама вели дека економијата и натаму треба да се помага


Обама зборуваше во петок по потпишувањето на најголемата регулативна реформа во областа на финансиите од Големата депресија на 1930-те, по што документот стана закон.

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави напредокот направен на финансиската реформа и бенефициите за невработените, но кажа дека треба повеќе да се стори за поттикнување на економијата на државата.

Обама зборуваше во петок по потпишувањето на најголемата регулативна реформа во областа на финансиите од Големата депресија на 1930-те, по што документот стана закон. Тој рече дека новиот закон ќе ги заштити Американците од неодговорно однесување што ја предизвика финансиската криза. Тој исто така го пофали Конгресот за гласањето неделава, за повторно воспоставување на финансиската безбедност за 2,5 милиони Американци кои се без работа.

Претседателот кажа дека неговата крајна цел е да обезбеди сите Американци кои бараат работа, да ја најдат. Тој исто така ги повика законодавците да ја усвојат легислативата дизајнирана за помош на малите бизниси, додавајќи дека успехот на тие бизниси е круцијален за здравјето на американската економија.

Закон што е на разгледување во Сенатот би креирал 30 милијарди долари заем од владата за малите бизниси.

XS
SM
MD
LG