Линкови за пристапност

Средба во Белата куќа за истрагата по изливот на нафта


Средба во Белата куќа за истрагата по изливот на нафта
Средба во Белата куќа за истрагата по изливот на нафта

Американскиот претседател Барак Обама во вторник има средба со ко-претседателот на независното тело формирано за водење истрага по несреќата со подводниот бунар за нафта во Заливот на Мексико

Американскиот претседател Барак Обама во вторник има средба со ко-претседателот на независното тело формирано за водење истрага по несреќата со подводниот бунар за нафта во Заливот на Мексико.

Средбата во Белата куќа се случува во време кога американскиот државен обвинител Ерик Холдер заминува за Њу Орлеанс, Луизијана, да се сретне со претставници на федералните и локалните власти. Правните стручњаци сугерираа дека енергетската компанија БП би можела да се соочи со судски постапки и можна криминална истрага заради излевањето на нафта.

Во меѓувреме, БП се подготвува да направи друг обид за покривање на разнесениот бунар. Инженерите ќе употребат роботи на далечинско управување неделава да ја пресечат долгата цевка што е поврзана со оштетениот бунар, а потоа ќе се обидат да ја спуштат куполата врз бунарот и да ја спроведат нафтата во танкер на површината.

Карол Браун, советник за животна средина и енергија во Белата куќа, вели дека пресекувањето на цевката може да води кон дополнителни 20 проценти излеана нафта пред бунарот да биде покриен.

XS
SM
MD
LG