Линкови за пристапност

Белата куќа уверена во добар исход за здравствената заштита


Белата куќа изрази увереност дека американскиот Врховен суд ќе пресуди дека законот за реформа на здравствената заштита на претседателот Барак Обама е во согласност со уставот.

Откако Врховниот суд ги слушна последните законски аргументи за законот за здравствена заштита, на брифингот во Белата куќа доминираа прашања за тоа дали претседателот Обама е загрижен дека клучната провизија, или целиот закон, може да се во опасност.

Белата куќа објави соопштение силно бранејќи го јавниот правобранител Доналд Верили, кој расправаше пред судот во вторник. Настапот на Вирили беше наголемо критикуван од многу аналитичари и новинари, како слаб.

Заменик прес-секретарот Џош Ернест, Вирили го нарече „способен“ велејќи дека Белата куќа има „комплетна доверба“ во неговото претставување на аргументите.

Додавајќи дека би било лудо да се прогнозира исход, врз основа на прашањата што судиите ги поставувале на адвокатите, тој кажа дека администрацијата останува убедена дека законот ќе биде потврден како уставен.

Ернест кажа дека Белата нема планови за случај законот да падне. Но тој кажа дека претседателот Барак Обама е целосно подготвен за жестока дебата за неговото гледање на здравствената заштита наспроти републиканците и другите критичари на законот.

Судот се очекува да донесе одлука во јуни.

Додека продолжува дебатирањето во врска со здравствената заштита, претседателот Обама доби охрабрувачки вести од нови истражувања на јавно мислење.

Истражување на Универзитетот Квинипек покажа дека Обама води пред неговите главни ривали, поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни и поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум, во три важнисојузни држави, Флорида, Охајо и Пенсилванија.

Истражување на CNN покажа дека Обама води со 54 спрема 43 проценти меѓу регистрираните гласачи пред Ромни, доколку претседателските избори се сега, а не во ноември, што е пет проценти поголема предност за Обама во споредба со фебруари.

Во меѓувреме, Белата куќа повеќе го користи потпретседателот Џо Бајден за потенцирање на аргументите дека Американците би биле во подобра ситуација доколку биде реизбран претседателот Барак Обама во ноември отколку републиканец. Бајден во обраќањата посебно цели на Ромни и Санторум.

XS
SM
MD
LG